Курц го повика на коалициски преговори лидерот на Слободарската партија

Од:

Лидерот на конзервативната Народна партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, која победи на предвремените парламентарни избори во Австрија, денеска го повика лидерот на десничарската Слободарска партија (ФПО), Хајнц-Кристијан Штрахе на преговори за формирање на коалициска влада.

– Ќе преговарам со ФПО, имаме многу заеднички погледи, но и различни. Гледам дека Штрахе има интерес за реформи во Австрија. Сакам да ја поканам Слободарската партија на преговори, наведе Курц.

Тој посочи дека по разговорите со лидерите на сите партии проценил дека ФПО има желба за промени.

Курц истакна дека преговорите треба да започнат колку што е можно поскоро, но не прецизираше термин.

Социјалдемократската партија на Австрија (СПО), која досега беше во коалиција со ОВП, одлучи да започне подготовки за заминување во опозиција.

Курц наведе дека СПО сама одлучила да не биде дел од владејачката коалиција.

ОВП и ФПО водат кампањи за построги миграциски контроли, брза депортација на азилантите со отфрлени барања и строги мерки за радикалниот ислам.

Имено, во просек, формирањето влада во Австрија трае околу 60 денови.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник