Курц бара предвремени избори во Австрија

Од:

Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц, кој би требало да го преземе раководењето со Народната партија на Австрија (ОВП), се изјасни денеска за раскинување на коалицијата со Социјалдемократската партија (СПО) и побара распишување предвремени избори во Австрија.

Курц, кој важи за главен кандидат за преземање на местото лидер на ОВП, откако Рајнхолд Митерленер донесе одлука да поднесе оставка на тоа место, одржа прес-конференција на која јасно наведе дека смета оти оваа Влада не може да работи во корист на граѓаните.

– Јас сум член на ОВП и поради тоа можам да зборувам во името на партијата, па и во мое лично име. Знаете дека отсекогаш сум бил за јасни ставови и дека го работам она што оценувам дека е правилно, независно дали тоа е популарно или не, нагласи Курц.

Тој истакна дека се обидел да делува во областа на интеграцијата на странците, затворањето на балканската рута, како и дека е познат неговиот став во врска со Турција и оти ќе продолжи да биде верен на својот досегашен стил.

Тој укажа оти е познато дека постои понуда што му е дадена нему, да остане сегашната австриска Влада и да се заменат само некои „глави“ и да се продолжи како ништо да не се случило.

– Меѓутоа, верувам дека само за неколку денови, или најдоцна една недела ќе бидеме повторно таму каде што сме сега, а тоа е постигнување на минимални компромиси кои не би ја промениле земјата и би биле соочени со постојана предизборна кампања, објасни Курц.

– Верувам дека предвремените избори се вистински пат за промени во Австрија, и дека треба да се прекине продолжението на континуираната предизборна кампања што се води, потенцираше Курц.

Кога станува збор за ОВП, порача дека независно од тоа кој ќе ја преземе партијата јасно е дека во партијата не може да остане состојбата каква што е сега.

Тој истакна дека одлуката за шефот на ОВП ќе биде донесена в недела.

Имено, претседателите на покраиние од редовите на ОВП, кои важат за најважни „глави“ во партијата, вчера донесоа одлука на местото лидер на партијата да го постават Курц, и ги прифатија неговите „барања“, со што е речиси јасно дека најмладиот член на австриската Влада ќе ја преземе новата должност за водење на една од највлијателните партии во земјата.

Според истражувањата за јавно мислење, ОВП само со Курц има шанси на изборите да стане најсилната партија во земјата.

Доколку Курц в недела биде избран за местото шеф на ОВП, јасно е дека Австрија ќе остане без Владата од СПО-ОВП и дека гласачите ќе мораат да излезат на избори една година пред истекот на мандатот.

Би можело да ве интересира

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски

Пронајдено телото на двојниот убиец од Австрија по кого полицијата трагаше со денови

А1он

Пронајден е автомобилот на убиецот Роланд Дрекслер, полицијата интензивно трага по него

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Убиство во Австрија: Ловџија усмрти градоначалник