Европската унија има потреба од посигурно обезбедување на надворешните граници и Австрија е подготвена да даде свој придонес, вклучително и со војници, изјави лидерот на Австриската народна партија и најверојатно иден премиер Себастијан Курц.
– Треба да создадеме сосема нов мандат за службата на ЕУ за гранична контрола Фронтекс, да воспоставиме заштита на надворешните граници врз општи начела за да не ги оставиме сами Грците и Италијанците. Австрија е подготвена да придонесе со полицајци и војници, изјави Курц во интервју за „Шпигел“.
Според него, ЕУ треба да им пружа помош на илегалните имигранти на надворешните граници и да ги враќа назад.