Шпанската полиција денеска соопшти дека го уапсила Ернан Алфонс Виља, кој под прекарот „Ратон“ (Глушец) е познат како лидер на колумбиска нарко мафија, на која и се припишуваат околу 400 убиства.
Во соопштението се посочува дека Виља бил уапсен вчера во источниот шпански приморски град Аликанте, врз основа на потерница на колубиските власти.
Колумбија го обвинува „Ратон“ дека раководи со криминална организаицја од над 200 лица која се занимава со шверц на колумбиски кокаин кон Шпанија, САД и Холандија.
При апасењето на Виља, шпанската полиција кај него пронашла 40.000 евра во готово.