Францускиот терорист Амед Кулибали минал три дена во Мадрид пред минатонеделните напади во Париз, а шпанската полиција сега истражува дали таму имал поддршка од терористички ќелија, пишува шпанскиот весник „Ла вангардија“.
Кулибали престојувал во Мадрид од 30 декември до 2 јануари заедно со уште едно лице, чиј идентитет не е утврден, пишува весникот.
Шпанските власти заедно со своите колеги од Франција ги истражуваат активностите на Кулибали во Шпанија за да се утврди дали имале поддршка од терористичка ќелија од земјата.
Амед Кулибали на 9 јануари уби четири заложници во еврејски супермаркет во Париз. Тој, исто така, е одговорен за убиството на полицајка во Монруж.
Мета