Единствениот начин да се врати мирот во Украина е да се врати украинскиот суверенитет на целата територија на земјата, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во интервју за кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.
„Единствениот начин да се обезбеди долгорочен ред и стабилност во Украина е Киев да го врати суверенитетот на целата своја територија во меѓународно признатите граници“, рече Кулеба, пренесува ТАС.