Кулеба: Не е само Путин одговорен за војната во Украина

Од:

Дмитро Кулеба смета дека не треба да се дозволи „соучесниците во агресијата против Украина“ да ја префрлат целата одговорност на претседателот на Русија, Владимир Путин.

„Не смееме да дозволиме оние кои се соучесници во ова злосторство да го обвинуваат Путин за сè. На пример, министерот Лавров – колега, тој мора да сноси 100% одговорност за соучесништво во злосторството агресија. Шојгу мора да одговори. Герасимов мора“, рече министерот за надворешни работи на Украина.

Според него, и заменик-претседателот и секретарот на Советот за национална безбедност на Русија – Дмитриј Медведев и Николај Патрушев исто така треба да одговараат за агресијата врз Украина.

„Секој кој на еден или друг начин придонел да започне војна против Украина и да изврши кривично дело агресија врз Украина, треба да одговара“, рече Кулеба.

На 17 март, Судскиот совет на Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за правата на децата Марија Лавова-Белова. Тие се осомничени за нелегално принудно префрлање на украински деца.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ