Министерот за надворешни работи на Куба Бруно Родригес ја обвини американската администрација дека лаже за мистериозните напади врз американски дипломати на карипскиот остров.
– Време е САД да ја кажат вистината или да достават докази, изјави Родригес на прес-конференција во Вашингтон.
– Тие кои тврдат дека имало напади, намерни акции или инциденти со кои се предизвикани здравствени проблеми, намерно лажат, изјави министерот.
Вкупно 24 американски дипломати во Хаванасе пожалија на здравствени проблеми причинети, според Вашингтон, од акустични уреди кои оштетуваат дел од мозокот. Стејт департментот минатиот месец повлече повеќе од половината службеници во Куба и нивните семејства, по што протера 15 кубански дипломати од САД.