Куба повторно остана без струја

Од:

Енергетската мрежа на Куба утрово повторно се прекина и по втор пат целата земја остана без струја, неколку часа откако властите објавија дека почнале да го обновуваат снабдувањето со електрична енергија.

CubaDebate, еден од државните медиуми, објави дека мрежниот оператор UNE пријавил дека во шест часот наутро имало „тотално затемнување на националниот електроенергетски систем“.

„UNE работи на обновување на системот“, се вели во соопштението на мрежниот оператор.

Кубанската електрична мрежа вчера околу пладне доживеа целосен колапс по дефект во електраната Антонио Гутереш, при што повеќе од 10 милиони луѓе останаа без струја. Прекинот на струја е огромен нов проблем на островот, каде животот станува се понеподнослив, а жителите страдаат од недостиг на храна, гориво, вода и лекови.

Дури и пред колапсот на електричната мрежа, комунистичката влада ги затвори училиштата и дел од индустријата по неколку недели тежок недостиг на електрична енергија и ги испрати повеќето државни службеници дома во последниот обид за одржување на напојувањето. Суспендирани се и рекреативните и културните активности, вклучително и ноќните клубови.

Во делови од главниот град Хавана, вклучително и некои од главните болници во градот, светлата се вклучија синоќа, бидејќи жителите се надеваа дека ќе се врати струјата. Операторот не даде објаснување зошто мрежата повторно се прекина во саботата и колку време ќе биде потребно за да се врати снабдувањето со електрична енергија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите