Куба: Обама е добредојден во Хавана ако не се меша во внатрешните работи

Од:

Американскиот претседател Барак Обама е добредојден да ја посети Куба, доколку не се обидува да се меша во внатрешните работи на земјата, порача кубанското Министерство за надворешни работи, во пресрет на првата годишнина од историското приближување на Вашингтон и Хавана.

– Оној ден кога претседателот на САД ќе одлучи да ја посети Куба, ќе биде добредојден, изјави Јосефина Видал, директор за американски прашање во кубанското Министерство за надворешни работи.

– Во врска со ова, сакам да потсетам дека Куба секогаш нагласува дека нема да преговара за прашањата околу нејзиното внатрешно уредување, во замена за влошување или нормализација на односите со САД, потенцира Видал.

Обама во интервјуто за „Јаху њуз“ изјави дека се надева оти ќе ја посети Куба во 2016 година, но само под услов ако се оствари доволен напредок во билатералните односи, ако може да се сретне со политички дисиденти и ако евентуално „кубанската влада тргне во нов правец“.

Пред точно една година Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро го изненадија светот со објавата дека поранешните непријатели ќе ги нормализираат односите. До јули тие се договорија да ги обноват дипломатските односи по 54-годишниот прекин. 

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија