Крвав напад на пазар во Багдад, дваесетина загинати

Од:

Околу 20 лица, меѓу кои жени и деца, се убиени, а десетици се повредени во напад на пазар во шиитско предградие на Багдад, во пресрет на Курбан Бајрам, најважниот муслимански празник.

– На пазарот Ал-Воејлат е извршен напад со рачно изработена бомба, при што има загинати, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Висок воен службеник изјави дека најмалку 18 лица се убиени, меѓу кои има жени и деца, додека медицински извор соопшти дека 23 луѓе се загинати, а околу 30 повредени.

Два безбедносни извори изјавија за западните медиуми дека станува збор за самоубиствен бомбашки напад.

Експлозијата одекна доцна попладне на популарниот пазар на Садр Сити, голема шиитска област во источен Багдад, каде многу луѓе купувале пред муслиманскиот празник Курбан Бајрам.

Досега никој не преземал одговорноста за нападот, а оперативната команда на безбедносните сили на Багдад започна истрага.

Тоа е првиот напад од јануари кога 32 лица беа убиени на еден пазар во центарот на Багдад. Тогаш првиот напаѓач го активира експлозивниот појас, а вториот чекал луѓето да дојдат да им помогнат на повредените, по што го активирал експлозивот. Одговорноста за тој инцидент ја презеде џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак