Австралиската полиција соопшти дека крокодил долг 4,5 метри усмртил педесет и седумгодишен човек, кој ловел риби во реката Аделаида, која што е позната по овие опасни животни.
Во соопштението се наведува дека крокодилот го нападнал риболовецот пред очите на неговата сопруга, додека во реката се обидувал да отстрани една кеса од јадицата.
Полицијата го пронашла телото на човекот, чиј што идентитет не е објавен, а крокодилот го убила.
Како што наведе „Асошиејтед прес“ крокодилите од Аделаида на север на Австралија се голема туристичка атракција.
Е. Г.