Криумчари на луѓе ја рекламираат работата преку Фејсбук

Од:

Танјуг – Белград

Криумчарите на луѓе на медитеранот, ги рекламираат своите услуги преку Фејсбук, ветуваат сигурно поминување на мигрантите, кои очајнички сакаат да стигнат во Европа.

На своите страници нудат поглед на мрежата на криумчарењето, која опфаќа три континенти, генерира стотици милиони долари и стана практично алтернативен азилантски сервис за ЕУ, пренесува Би-Би-Си.
– Со почеток на новата сезона, имаме низа патувања во понуда: Турција – Либија – Италија за 800 долари, Алжир – Либија – Италија 2.500 долари, Судан – Либија – Италија 2.500 долари… Чамците се дрвени, а ако имате прашања контактирајте ме на Viber или WhatsApp – се наведува до огласот.

Тоа на Фејсбук го објави криумчарот Абдул Азиз на 21 април. Тој е само еден од стотици криумчари кои ги користат социјалните мрежи да ги претстават своите услуги на клиентите и бегалците, кои се обидуваат да стигнат во Европа.

На своите страници рекламираат се, од лажни документи до безбедно поминување по копно, воздух или море. Многу огласи се илустрирани со фотографии на луксузни крузери и нови пасоши, со порака дека децата патуваат бесплатно. Тука е и сведочењата на мигрантите, кои веќе поминале такво патување.

Зад тие ветувања се крие немилосрдниот вистински свет на криумчарите, кои ја користат ранливоста на мигрантите. Веб пораките не се однесуваат само на понуда за Медитеранот и Блискиот исток, туку се протегнуваат длабоко во субсахарска Африка.

Азиз тврди дека има агенти речиси во секоја арапска држава. – Ако луѓето не можат да дојдат во Либија, јас имам легални и нелегални начини да ги внесам во земјата – вели тој.

За полицијата речиси е невозможно да ја открие мрежата која ги поврзува криумчарите и бродовите, како што е Азиз, фалсификаторите на пасоши во Истанбул и возачите на тајни камиони во Еритреја, криминални банди и еднократни прекугранични услуги.

Прилагодливоста тој систем го прави уште поефикасен. Минатата година околу 22.000 мигранти го преминале Медитеранот во криумчарски чамци, главно од либискиот брег. Од почетокот на 2015 година, уште 35.000 луѓе стигнале во Италија, а повеќе од 1.800 се удавиле во тој обид.

Азиз изјави за Би-Би-Си преку Скајп, дека секој ден му се јавуваат од 10 до 20 луѓе преку Фејсбук, додавајќи дека до 2012 година не ги користеле социјалните мрежи, кои сега чинат од 30 до 40 отсто од неговата работа.
Пропаста на либијската држава исто така ги охрабри криумчарите да ја промовираат својата работа онлајн, без страв од апсење и Азиз се насмеа на забелешката дека неговите активности можат да го привлечат вниманието на властите.

ЕУ полицијата Еуропол неодамна покрена разузнавачка програма ЈОТ маре, која треба да ја наруши или да ја растури криумчарската мрежа, која донесува толку мигранти преку Медитеранот.

Нивниот портпарол потврди дека Еуропол го бара онлајн присуството на криумчарите. ЈОТ маре се фокусира на сите начини на работа, кои ги користат криумчарите, вклучувајќи го и користењето на социјалните мрежи.

Тој призна дека Еуропол нема оперативен договор за соработка со Либија, од каде доаѓаат најмногу мигранти. Азиз поради тоа не е многу загрижен. – Тоа е само буква на хартија. Како тие ќе дојдат во Либија, бидејќи ако се обидат, тоа ќе се смета за инвазија – рече Азиз, додавајќи дека надвор од Либија не можат да го фатат, бидејќи не оди надвор од земјата.

Би можело да ве интересира

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски

На Крит уапсени 76 мигранти од Африка и Азија