Властите во Калифорнија соопштија дека откриле подземен тунел преку кој криумчари пренесувале луѓе преку границата на Мексико и САД.
Станува збор за грубо ископан тунел што вчера го открија агенти на пограничната патролна служба во близина на граничниот премин Отај Меса во Сан Диего.
Агентите тунелот го опишале како „дупка во земја каде има поставено скали“.
Весникот „Сан Диего џуниор трибјун“ пишува дека, кога агентите пристигнале на местото забележале група луѓе кои се разбегале, додека некои од нив пробале да се вратат во тунелот.