Кристина Кирхнер се збогуваше со Аргентинците во стилот на Ева Перон

Од:

Аргентинскиот претседател на заминување Кристина Фернандез де Кирхнер се збогуваше со Аргентинците, но пред се, со своите гласачи и симпатизери, на митинг во Буенос Аирес.

Говорот на Кирхнер, а посебно некои нејзнини гестови и самото обраќање, некои аналиитчари го споредија со настапите на сопругата на Хуан Перон, основачот на левичарското-популистичкото движење, познато како „перонизам“, Ева Перон од 50-тите години на минатиот век.

Досегашната претседателка им порача на сите Аргентинци да не размислуваат многу и да излезат на улиците, доколку се „почувствуваат измамени и предадени“ од ветувањата на новоизбраната десноцентристичка Влада на новиот претседател Маурицио Макри.

Кристина Кирхнер беше претседател во два мандати, откако претходно го наследи својот тешко болен сопруг Нестор Кирхнер, кој од здравствени причини не се кандидираше по втор пат.

Брачната двојка Кирхнер му припаѓаат на аргентинското перонистичко движење и двајцата, а посебно Кристина Кирхнер, спроведуваа левичарска и популистичка политика, по што беше познат и Хуан Перон.

Тој на два пати, беше претседател, а и него, како и Нестор Кирхнер, подоцна го наследи сопругата.

Изабела Перон, втората сопруга на Хуан, беше претседател на Аргентина и таа е првата жена во Америка која била на една таква функција.

Новиот аргентински претседател Макри победи со тесно мнозинство во вториот изборен круг што се одржа минатиот месец.

Неговата победа, која означи крај на 12-годишното владеење на перонистите, беше примена како големо изненадување, затоа што перонистичкиот кандидат Даниел Скиоли доби најмногу гласови во првиот круг и важеше за сигурен победник.

Аргентинците се предомислија околу изборот, меѓу двата круга на гласањето, што е прв таков случај во Аргентина.

Тоа се објаснува со високата инфлација и продолжената економска криза во земјата, но се верува дека за промената во мислењето, најмногу влијаело нездоволството на луѓето од самата Кристина Кирхнер.

Луѓето повеќе не веруваат дека нејзните популистичкки мерки ќе можат да ја извлечат земјата од кризата и од економската изолација, поради војувањето на досегашната влада во Буенос Ајрес со странските финансиери и инвеститори.

Независните набљудували проценуваат дека таквата политика и нанела голема штета на домашната економија, што предизвика Аргентина во 2014 година двапати да прогласи неликвидност, по војната што Кирхнер ја отвори со американските хеџ фондови.

Сепак во Парлментот, мнозинството и натаму го имаат перонистите, што може да предизвика проблеми во спроведувањето на реформите што ги најави новата влада.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ