Кристина Фернандез де Кирхнер обвинета за перење пари и корупција

Од:

Поранешниот претседател на Аргентина, Кристина Фернандез де Кирхнер (64) денеска и формално е обвинета за перење пари при зделки со недвижен имот, за корупција и за наместени тендери.

Покрај неа, обвинети се и нејзините две деца- ќерката Флоренсија и синот Максимо, како и двајца аргентински бизнисмени, блиски до семејството де Кирхнер.

Претходно, поранешната претседателка беше обвинета и за измамничко администрирање со државни фондови.

Федералниот судија Клаудио Бонадио кој ги покрена обвинувањата против Кристина де Кирхнер, соопшти дека е наредено замрзнување на осум милиони долари од нејзините средства.

За сите петмина е наредено дека не смеат да ја напуштаат Аргентина.

Таа на два пати беше претседател на државата, од 2007 до 2015 година, откако на таа функција го наследи својот тешко оболен сопруг, Нестор Кирхнер кој подоцна почина.

Де Кирхнер се обидуваше, надвор од Уставот, да си обезбеди и трет претседателски мандат, како што тоа пред неа го направија тројцата левичарски претседатели во Боливија, Венецуела и Еквадор- Ево Моралес, сега покојниот Хуго Чавез и Рафаел Кореа- но се откажа од тоа, по силниот отпор во аргентиската јавност.

Судијата Бонадио ја обвинува де Кирхнер дека и наредила на Централната банка на Аргентина да продава американски долари, на пазарот на пари, по вештачки ниска цена, иако сите во земјата знаеле дека претстои девалвација на домашното пезо.

Бившата претседателка е обвинета и затоа што на својот близок пријател, Лазаро Баез му овозможувала да склучува зделки за владата.

Кристина де Кирхнер ги отфрла обвинувањата и го обвинува актуелниот претседател Маурисио Макри дека води „хајка„ против неа и дека сите покрената случаи се „политички мотивирани“.

Би можело да ве интересира

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ

Бизарна ситуација на Олимписките игри: По два часа ВАР го поништи голот на Аргентина, Мароко победи

Аргентина ја освои Копа Америка – Финалето беше одложено речиси час и половина поради нереди

(ВИДЕО) Камења, солзавци и водени топови-голема пресметка во Аргентина поради реформите на претседателот Милеј