Кристија Фриленд е нов министер за финансии на Канада, прва во историјата на земјата

Од:

Кристија Фриланд е првата жена што доаѓа на престижната позиција министер за финансии во историјата на Канада.

Таа го замени Бил Морноа, кој во понеделникот вечерта си поднесе оставка на функцијата заради различните концепти во буџетското трошење со премиерот Џастин Трудо.

Кристија Фриланд станува федерална министерка за финансии во време кога Канада се справува со најголемиот буџетски дефицит од Втората светска војна, а нејзината нова позиција ќе го вклучува и планирањето за економското закрепнување на земјата додека продолжува пандемијата на Ковид-19.

Фриланд досега беше министер за надворешни работи и заменик премиер.

Таа ќе ја задржи улогата на вицепремиер, но одговорноста за односите со провинциите ќе и ја предаде на Доминик Лебланк.

Фриланд синоќа и официјално даде заклетва на новата функција.

Би можело да ве интересира

Трудо: Трамп сака целосен колапс на нашата економија за да може полесно да нè припои

Горан Наумовски

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

Канада веднаш воведe царини од 25 отсто за увоз од САД

Што ќе значат новите царини за економиите на САД, Канада и на Мексико

Катерина Ѓуровски

Канада може да го прекине пристапот на САД до енергенси

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски