Кристерсон во следните денови ќе ја претстави новата шведска Влада

Од:

Лидерот на шведската Умерена партија, дел од десниот блок што освои мнозинство на парламентарните избори минатиот месец, Улф Кристерсон денеска изјави дека очекува владата да биде формирана наредните денови.

Како што тој појасни, можно е да даде детали в петок.

– Начелно, ние сме подготвени, истакна тој.

Кристерсон додаде дека новата влада може да ја преземе должноста уште следната недела.

Тој доби мандат да состави влада по речиси една деценија социјалдемократска администрација.

Се очекува формирање малцинска влада, поддржана од антимигрантските Шведски демократи.

Кристерсон денеска имаше средба со претседателот на Парламентот, кој му даде уште два дена до претставување на новата влада.

Парламентот мора да гласа за предлогот на Кристерсон, пред владата да може да ја преземе должноста.

На изборите на 11 септември, Умерената партија, Шведските демократи, демохристијаните и либералите добија 176, додека левиот центар освои 173 места.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он

Млад маж од Босна и Херцеговина e ранет во пукањето во училиштето во Шведска

Горан Наумовски

Шведска: Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиштето во Оребро

Горан Наумовски

После масакрот во Шведска: Извршени се рации на повеќе локации во Оребро