Кремљ: Трамп нема да присуствува на Денот на победата во Москва

Од:

„Американскиот претседател, Доналд Трамп нема да дојде во Москва на 9 мај, на прославата на денот на победата во Втората светска војна“, соопшти Кремљ.

Портпаролот Дмитриј Песков изјави дека Русија „преку дипломатски канали добила информација дека претседателот нема да дојде“ и дека се уште не се знае кој ќе ги претставува САД на прославата.

Песков не ја наведе причината за одбивањето на Трамп да дојде во Москва на 9 мај.

Москва постојано го повикува Трамп на прославите на победата на сојузниците во Втората светска војна, што за Русија е најважниот празник, но Трамп минатата година кажа дека го цени повикот, но дека не е сигурен дали ќе може да дојде доколку прославата се падне „ во екот на политичката сезона“.

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за Тасс денеска порача дека „ќе биде грешка доколку светските лидери не присуствуваат на годинешното одбележување на Денот на победата“.

Би можело да ве интересира

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати

Трамп: Анти-израелските протести на универзитетите се срам за САД, виновен е Бајден

Њујорк: Избрани 12 поротници за судењето на Трамп

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

Започнува судењето на Трамп, првото судење на американски претседател во историјата