Официјален Кремљ денеска соопшти дека Русија не се откажала од преговори со Украина што би го решиле постоечкиот конфликт, со нагласок дека можностите за дијалог се уште постојат.
„Ниту рускиот претседател Владимир Путин ниту министерот за надворешни работи Сергеј Лавров никогаш не разговарале за затворање на овие врати, постојат можности за дијалог меѓу Москва и Киев“, изјкави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Претходно во интервју за руски медиуми Лавров изјави дека во сегашната ситуација мировните преговори меѓу Русија и Украина немаат смисла. Тој посочи дека првите рунди од мировните прегов ори што пролетта се одржаа во Белорусија „точно го покажаа отсуството желба на украинската страна сериозно да разговара за било што“.
Извор: МИА