Кремљ: Русија е послободна од Америка

Од:

Русија во политичките слободи е незаменлива во светот, изјави портпаролот на Кремљ Вјачеслав Володин, задолжен за внатрешната политика.

– Нашата демократија не е само максимална – вакво нешто никогаш не можело, ниту пак може да се најде во другите земји – рече Володин, првиот заменик-шеф на администрацијата на Кремљ, пренесе агенцијата РИА Новости.

– Само погледнете ги земјите кои се пример за демократија како што се САД, тие немаат таква слобода изјави тој на собирот на високи функционери и заменик-претседателот на Владимир Путин во Москва.
Володин напомна дека во САД не постојат директни претседателски избори нити повеќепартиски систем. Тој потсети дека во американскиот политички систем доминираат две партии, додека во Русија сега ги има 32.

Сепак, се чини дека Володин се повикал на погрешни податоци, бидејќи Министерството за правда објави 47 регистрирани партии на својата веб страница.

Русија е на 117. од 167 земји на индексот на демократија во 2011 година која го има направено Economist Intelligence Unit, со седиште во Лондон, што ја сврстува како земја со “авторитарен режим”.

На оваа листа САД го заземаа 18 место, и тие се наоѓаат на дното на земји во кои владее “целосна демократија”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина