Кремљ: Путин не е корумпиран, наводите на САД „чиста измислица“

Од:

Кремљ ги отфрли наводите дека рускиот претседател Владимир Путин е корумпиран и оти крие колку е навистина богат, оценувајќи оти тоа е „чиста измислица“.

Обвиненијата на сметка на рускиот претседател ги изрече еден американски претставник во познатата емисија на Би-Би-Си „Панорама“.

Би-Би-Си го избра Адам Зубин, кој во рамки на американскиот Трезор се занимава со тероризам и финансиски криминал како експерт за истрага на приходите на Путин, пишува „Раша тудеј“.

– Путин наведува дека добива годишна плата од околу 110.000 долари. Тоа не е точен износ бидејќи Путин има долгогодишна практика на криење на вистинското богатство, наведе тој.

На прашањето „Дали Путин е корумпиран?“, Зубин одговори: „Според наше мислење, е“.

Зубин наведе и дека „тоа на американската Влада и е многу познато, многу години“, и дека Путин им помогнал на своите пријатели и блиски соработници да се збогатат.

Руската Влада ги отфрли тие наводи. Портпаролот на Путин Дмитриј Песков го демантираше тоа, велејќи дека „не е потребен одговор на ниту едно од овие прашања, бидејќи тие се чиста фикција“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени