Кремљ денеска призна дека рускиот обид за заземање на источниот град Бахмут бил „тежок“ и дека создал „емоционална ситуација“. Ова денеска го изјави Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, очигледно мислејќи на конфликтот меѓу шефот на платеничката група Вагнер Евгениј Пригожин и министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
„Можам да ви кажам една работа: Да, ова е навистина емотивна ситуација. Во таа област се водат многу тешки офанзивни операции“, рече Песков.
„Тоа е многу силно утврдена област со огромна концентрација на силите на украинската армија, која постојано добива засилување. Тоа вклучува странска опрема, странска муниција. Се разбира, емоциите се особено силни таму“, рече Песков.