Кремљ: Пригожин можеби е убиен

Од:

Кремљ денеска соопшти дека истрагата за авионската несреќа во која загина шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, вклучува можност несреќата да е намерно предизвикана, што е прво недвосмислено признание дека Пригожин можеби е убиен.

„Очигледно, се разгледуваат различни верзии за настаните, вклучително и верзијата – знаете за што зборуваме – да речеме дека тоа е намерно испровоцирано злосторство“, им рече на новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, повикувајќи ги „резултатите од руската истрага“.

Приватниот авион Ембраер од бразилско производство Пригожин со кој патувал од Москва до Санкт Петербург се урна на 23 август северно од Москва, при што загинаа сите 10 лица во него. Меѓу нив беа уште двајца важни членови на групата Вагнер, четворицата телохранители на Пригожин и тричлениот екипаж.

Се уште не е позната причината за несреќата. Русија го известила бразилскиот орган за истрага на воздухопловни несреќи дека нема да го истражува падот на бразилскиот авион Ембраер „во овој момент“ во согласност со меѓународните правила, соопшти бразилската агенција за Ројтерс.

На новинарско прашање дали Русија отфрла меѓународна истрага, Песков одговори: „Значи, пред се, истрагата е во тек. Ангажирана е руска истражна комисија, но во овој случај не може да стане збор за некаков меѓународен аспект“.

Би можело да ве интересира

Пригожин ќе биде погребан во Санкт Петербург, Путин нема да присуствува на погребот

Не се знае кога и каде ќе биде погребан Пригожин

ВИДЕО: Пронајден вториот дел од авионот на Пригожин, се распаднал во воздух

(ВИДЕО) Снимка од внатрешноста на авионот на Пригожин: Бил на продажба, купувачите го гледале на денот на несреќата

Британија: ФСБ стои зад падот на авионот на Пригожин

ВИДЕО: Flightradar24 го забележа падот на авионот на Пригожин

Катерина Ѓуровски