Кремљ негира убиство на Навални: Обвинувањата се дезинформациска кампања на Западот

Од:

Кремљ ги отфрли тврдењата на пет европски земји дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални беше убиен во руски затвор во 2024 година со токсин од отровна жаба.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за државната новинска агенција ТАСС изјави дека обвинувањата се „дезинформациска кампања од страна на Западот“.

„Резултатите од анализите ќе бидат објавени, формулите за супстанции ќе бидат познати – потоа ќе има коментари. Без тоа, сите разговори и изјави се информативна кампања насочена кон одвлекување на вниманието од горливите проблеми на Западот“, рече таа.

Слична порака испрати и руската амбасада во Обединетото Кралство.

„Ова не е потрага по правда, туку исмејување на починатиот. Дури и по смртта на руски државјанин, Лондон и европските престолнини не можат да му дадат мир, што многу зборува за иницијаторите на оваа кампања“, се вели во соопштението од руската амбасада.

Инаку, владите на Германија, Велика Британија, Франција, Шведска и Холандија денес објавија дека Навални е убиен од руската држава користејќи моќен отров.

Земјите изјавија дека анализите на останките на Навални покажале траги од исклучително моќниот токсин епибатидин и ја обвинија Москва за убиство на најголемиот непријател на рускиот претседател – Владимир Путин.

Смртта на Навални во февруари 2024 година предизвика меѓународна осуда и обвинувања од западните влади дека Кремљ е одговорен.

Москва постојано негираше вмешаност во неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Алексеј Навални е убиен со токсин од отровна жаба, тврдат Британците

А1он

Кремљ вели дека средбата на Путин и Зеленски ќе се одржи само во Русија

Москва го гледа нацрт мировниот план само како почетна точка за понатамошни преговори

А1он

Кремљ за наводната кавга меѓу Лавров и Путин: Нема ништо вистина во тие извештаи

А1он

ВИДЕО: Алексеј Навални бил отруен во затворот, објави неговата сопруга

Катерина Ѓуровски

Кремљ потврди: Имавме контакти со Белата куќа

А1он