Кремљ не одговори на прашања за можно затворање на границите поради мобилизацијата

Од:

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков одби да одговори на прашањата за евентуално затворање на границите на Русија за да се спречи бегството на воено способни мажи, откако беше најавена делумна мобилизација за потреби за војната во Украина.

Билетите за летовите од Русија денеска брзо се распродадоа, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди итна мобилизација на 300.000 резервисти.

Песков изјави дека руската влада „многу наскоро“ ќе објави кои категории граѓани ќе бидат ослободени од мобилизација на резервисти со воено искуство за да служат во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се огласи Путин, кажа што му е приоритет во животот и работата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кој и што стои зад нападите во Русија? Има многу чудни и необјаснети детали

Не им верува на лекарите од Москва: Чеченскиот лидер е тешко болен, можно да е отруен

Предраг Петровиќ

Дневен брифинг на Министерството за одбрана на Руската Федерација

Кремљ: Западот е во драматична заблуда, ќе зажали

Кремљ: Ќе ги ослободиме четирите украински региони кои ги соединивме со Русија