Руските сили сакаат да окупираат делови од источна и јужна Украина кои Москва ги прогласи за руски, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков, изјави дека Русија „мора да ослободи“ делови од Донецк, Луганск, Херсон и Запорожје – четири региони кои рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи за дел од Руската Федерација во септември.
Путин најави анексија на четири украински региони по одржувањето на т.н референдум, чија легитимност не ја признава речиси ниту една земја во светот. Но, ниту еден од четирите региони што ги поседува Москва сè уште не е целосно под контрола на руските сили.