На американскиот претседател Барак Обама денеска во Индија му е приреден „кралски“ дочек, каде ќе престојува во тридневна посета, со цел изградба на билатералните односи меѓу двете земји кои ќе ги одреди 21. век.
Обама ќе се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди, со кого ќе разговара за климатските промени, прашања од областа на одбраната и економијата.
Претседателот на САД вторпат престојува во Њу Делхи за време на неговиот мандат, но првпат е поканет да присуствува на свеченоста по повод индискиот Ден на Републиката, која почнува утре, и одбележувањето на годишнината од донесување на демократскиот Устав.