Кралот на Шпанија до крајот на месецот ќе одлучи дали ќе распише трети избори

Од:

Кралот на Шпанија Фелипе Шести објави дека ќе се консултира до крајот на месецот со партиските лидери за да процени дали може да најде кандидат за составување влада или пак да закаже трети парламентарни избори во рок од една година.

– Кралот ќе ги прими лидерите на парламентарно претставените партии на 24 и 25 октомври, помалку од една недела пред крајниот рок, 31 октомври, по што Фелипе Шести треба да го распушти Парламентот и да закаже трети избори, изјави претседателката на Парламентот Ана Пастор.

– По тие консултации кралот ќе одлучи дали може да предложи кандидат за премиер, кој ќе располага со потребната поддршка за да добие доверба во Парламентот, додаде таа.

Со одложувањето на овие консултации кралот и дава уште малку време на Шпанската социјалистичка партија да се обнови од внатрешните поделби и да одлучи дали да се воздржи при гласањето доверба, за да може конзервативецот Мариано Рахој да предводи уште еден кабинет.

Народната партија на Рахој има најмногу пратеници, 137 од вкупно 350, но досега се соочуваше со ветото на социјалистите и левата партија „Унидос Подемос“ (Заедно можеме), кои имаат 81, односно 75 пратеници.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата