Кралицата Елизабета, Тереза Меј и директорката на „Сантандер“ – најмоќни жени во Велика Британија

Од:

Британската кралица Елизабета, министерката за внатрешни работи Тереза Меј и извршниот директор на банката „Сантандер“, Ана Ботин, се избрани за трите најмоќни и највлијателни жени во Велика Британија.

Анкатета ја направи радио 4, на Би-Би-Си на својта редовна женска програма, откако од предложените 100 имиња беше направена селекција на 20 најмоќни. Прва на листата е британскиот суверен, која веќе 60 години е на тронот, но претставник на комисијата која ја правеше листата изјави дека за сите три први жени на листата се смета дека тие имаат контрола врз политиката, имаат влијание или ги насочуваат идните чекори и потези таму каде се ангажирани.

Овие критериуми во основа биле употребувани за да се измери моќта и влијанието на сите жени од политиката, светот на културата, судството и бизнисот, како и од јавниот живот во земјата.

На високата петта позиција се најде Елизабет Мардок, ќерка на светскиот медиумски тајкун, која раководи со една рекламна и ПР фирма, како 13-та е прославената британска писателка Џ.К.Ролинг, по неа е Хариет Харман, заменик лидер на опозиционите лабуристи, а како 20-та е шкотскиот заменик прв министер Никола Старџен, која раководи со кампањата за независност на Шкотска. Подолу од листата на првите 20, се најдоа пејачката Адел, но и Клер Фоџис, жената која му ги пишува говорите на британскиот премиер Дејвид Камерон.

Идната британска кралица, војводката од Кембриџ (Кетрин Мидлтон) не е овојпат на оваа листа, но истражувањето открило дека таа е силен потенцијален кандидат за влезот во една ваква листа.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот