Кралицата Елизабета ја откажа посетата на Велс поради болест

Од:

Британската кралица Елизабета Втора ја откажа денешната посета на Велс поради болест. Претставник на Бакингамската палата соопшти дека кралицата има стомачен вирус проследен со болки, треска и повраќање, поради што мора да остане во кревет.

Во Велс кралицата требаше да присуствува во одбележувањето на денот на Сент Дејвид, светец заштитник на Велс и на Велшаните.

Засега не е познато како 87-годишната кралица се заразила, но лекарите веруваат дека тоа можело да се случи во директен контакт со заразено лице или преку храна и пијалок.

Во четвртокот кога кралицата последен пат беше во јавноста, таа им доделуваше одликувања на британските олимпијци.

Кралицата Елизабета и покрај својата возраст ретко бледува. Сегашниот стомачен вирус може да предизвика да биде откажана и државната посета на Италија идната недела, каде таа и нејзиниот сопруг принцот Филип, треба да бидат гости на италијанскиот претседател Џорџо Наполитано.

 

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот