Кралицата Елизабета ги поддржува хомосексуалците

Од:

Британската кралица Елизабета втора, денес за прв пат откако пред 61 година дојде на власт, отворено ќе ги подржи правата на хомосексуалците.

Во нејзиното обраќање до јавноста ќе ги повика граѓаните да ги почитуваат правата на хомосексуалците и еднаквоста помеѓу половите.

Говорот на кралицата има за цел да ги зголеми човековите права и стандарди на живеење во сите земји членки на Комонвелтот.

Воедно ова ќе биде и прв настан на кралицата, откако минатата недела беше хоспитализирана, поради проблеми со стомакот.

Извори блиски до кралското семејство тврдат дека Елизабета втора е свесна за можни реакции од нејзиниот говор.

-Влијанието на ставот на кралицата за ЛЏБТ заедницата и правата на жените не треба да се потценуваат. Ништо вакво прогресивно не беше одобрено ниту во Обединетите нации. Необично е тоа што таа побара да се потпишат документи во јавноста – изјави дипломатски извор.

Рамноправноста на правата на жените во Велика Британија значи дека, доколку војвотката Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам роди ќерка, таа ќе биде идната кралица.

Досега според законите првородените машки деца имаа право на наследство или женските деца, доколку кралскиот пар нема машки наследник.

Прашањето за правата на геј популацијата стана се поважна и во британската надворешна политика.

Премиерот Дејвид Камерон ја суспендира сета помош за Малдиви, поради дискриминација на хомосексуалците, сличен чекор најави и за Уганда и Судан.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот