Крај шпанскиот брег запленети 18 тони хашиш

Од:

Шпанските крајбрежни сили денеска од трговски брод, што пловел под знамето на Коморските острови, заплениле 18 тони хашиш, пренесе ТАСС, повикувајќи се на шпанските медиуми.

Во акцијата се приведени 13 членови на екипажот на бродот „Лејди бос“, 11 украински државјани и двајца Бугари.

Бродот бил пресретнат на околу 60 километри од брегот на провинцијата Алмерија, во автономната област Андалузија. Операцијата почнала пред една недела, кога бродот бил забележан од воздух.

Приведените треба да бидат изведени пред суд во Андалузија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски