Козак: Поради Менинг Стејт департментот не може да ги штити човековите права

Од:

Вкупно 250-те илјади дипломатски депеши што водникот Бредли Менинг му ги предаде на „Викиликс“ ја ограничија способноста на Стејт департментот за заштита на човековите права, изјави вршителот на должноста американски помошник државен секретар Мајкл Козак.

Во текот на судскиот процес против Менинг, кој е обвинет поради предавањето на тајните документи на Стејт департментот на „Викиликс“, Козак нагласи дека со обелоденувањето на дипломатските дописи бил разоткриен идентитетот на лица кои соработувале со САД и тие биле изложени на опасност од убиства, измачување и лишување од слобода.

Според него, една од најголемите последии од постапката на Менинг, е тоа што многу странски организации за заштита на човековите права сега се плашат до Стејт департментот да доставуваат информации за состојбата со слободите и правата на човекот во нивните земји, стравувајќи дека тие може да излезат во јавноста и поради тоа да трпат последици.

Поранешната службеничка во Стејт департментот, Сузан Сварт во сведочењето на судењето изјави дека со постапката на Менинг станува бесмислен целиот систем на размена на тајни информации меѓу владините органи и агенции, воспоставен во 2006 година.

– Повеќе не гледам логика во сето тоа, потенцира Сварт.

Доколку биде прогласен за виновен по обвинителниот акт за доставување на тајните телеграми на „Викиликс“, 25-годишниот Мениен може да биде осуден на најмногу 136 години затвор. Судењето на Менинг се одржува во воента база „Форт Мид“ во Мериленд.

Би можело да ве интересира

Мишел: Европа е подготвена да соработува со САД за поддршка на Украина

САД: Јавните обвинители побараа мирен трансфер на власта

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје