Ковид-19: Јапонија во мај почнува со масовна вакцинација на населението

Од:

Во Јапонија општата вакцинација против Ковид-19 ќе почне во мај, а Владата се надева дека поголемиот дел од возрасната популација на таа држава ќе ја прими вакцината до јули, до Олимписките игри во Токио, јавија јапонските медиуми.

Зеленото светло од регулаторната агенција во Јапонија за вакцината на Фајзер/-БиоНТех се очекува во февруари. Тогаш треба да се почне со вакцинација за околу 10.000 лекари и медицински работници од првите редови на борбата против коронавирусот, објавија јапонските печатени медиуми.

Во следната категорија за вакцинација има околу 50 милиони загрозени жители – постари од 65 години и оние со здравствени проблеми. Според владините планови, тие треба да бидат вакцинирани до крајот на април.

Вакцинацијата на остатокот од населението на архипелагот, каде има вкупно околу 126 милиони жители, ќе почне најрано во мај.

Владата се надева дека повеќето возрасни лица ќе ја примат вакцината до јули, кога се планирани Олимписките игри во Токио.

Би можело да ве интересира

Напаѓач избоде неколку луѓе на железничка станица во Јапонија

Возилото во кое се наоѓаше јапонскиот премиер удри во полициско возило

А1он

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами