Ковчези оставени пред Ајфеловата кула со натпис „француски војници од Украина“

Од:

Пет ковчези со натпис „француски војници од Украина“ се откриени денеска во подножјето на Ајфеловата кула во Париз, каде три лица се приведени, полицијата истражува „можно странско мешање“, пренесува агенцијата Франс прес.

Tри лица утринава ги поставиле ковчезите во природна големина до Ајфеловата кула. Тие биле покриени со француско знаме и со натпис „француски војници од Украина“, а внатре имало гипс.

Приведен е возачот на комбето кое ги превезувало ковчезите.

Тој на полицијата ѝ рекол дека „за превоз на луѓе и товар му биле исплатени 40 евра“, велат полициски извори, додавајќи дека тој пристигнал од Бугарија ден претходно.

Уште две лица се приведени на железничката станица во Париз додека се подготвувале да патуваат за Берлин, додаваат истите извори за Франс Прес.

Приведени се бугарски, украински и германски државјани, соопшти полицијата, додавајќи дека „во тек е истрага за да се утврди можното странско мешање“.

Париското обвинителство ја потврди националноста на осомничените и изјави дека тие сe уште се во полициски притвор за „насилство со умисла“.

Би можело да ве интересира

Гардијан: Безбедноста на Украина може да се гарантира со помалку војници

На воениот отпад во Ѓорче Петров се истепаа двајца војници на АРМ

И Германија е подготвена да испрати мировни трупи во Украина

„Билд“: Американските војници се повлекуваат од Европа

Зеленски: 200.000 војници од ЕУ да се мировници на источниот фронт во Украина

Макрон предложи воена мобилизација „како што се натрупуваат заканите“