Космонаутите од Меѓународната вселенска станица остануваат без воздух, а и време

Од:

Во рускиот дел на Меѓународната вселенска станица (МСС), космонаутите ја бараат пукнатината од која истекува воздух. Резервите на кислород се намалуваат и сè уште не е јасно од каде протекува, пренесува агенцијата ТАСС по разговорите меѓу седиштето во Москва и екипажот на вселенската станица.

Космонаутот Сергеј Рижиков им рече дека воздухот излегува при преминот кон модулот Ѕвезда, но дека екипажот сè уште не знае од каде. Падот на притисокот беше регистриран на почетокот на август, но сега времето истекува така што можно е целосно да се запечати тој дел од МСС за да не се загрози целата станица. Но, тоа во голема мера би ја ограничило работата на МСС.

Не помогнало ниту излегувањето на еден космонаут кон надворешноста на станицата. Руската вселенска агенција „Роскосмос“ секогаш потенцираше дека нема непосредна опасност за екипажот. „Сè е под контрола“, тврди Димитриј Рогозин, шеф на „Роскосмос“.

За февруари е планиран лет на товарната сонда „Прогрес“, која треба да достави нови количини кислород до МСС. Ако во меѓувреме ситуацијата стане сериозна, американската НАСА би можела да испрати беспилотно летало со кислород.

Меѓународната вселенска станица е стара повеќе од две децении. Пред две години ае откриена дупка што предизвика контроверзии. Во последно време, астронаутите тешко се снабдуваат со електрична енергија и тоалет.

Во моментов има седум лица на МСС на 400 километри од Земјата: двајца Руси, четворица Американци и еден Јапонец. МСС е единствената вселенска станица – всушност вештачки сателит со човечки екипаж – која воопшто постои.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Од Северна Кореја во Русија пристигнаа 4.000.000 артилериски гранати

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Одмазда за масакрот во Суми: Украина ја уништи руската ракетна бригада во регионот Курск