Кошта: Единството на ЕУ е клучно за успехот на мировните преговори за Украина

Од:

Обединетата и координирана позиција на ЕУ е клучна за обезбедување добар исход од разговорите за завршување на војната во Украина, изјави денес претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Кошта во објава на Платформа X изјави дека разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неформалниот состанок на лидерите на ЕУ за мировните напори во Украина за да ја добие неговата проценка за ситуацијата, објави Ројтерс.

– Обединетата и координирана позиција на ЕУ е клучна за обезбедување добар исход од мировните разговори- за Украина и за Европа, рече Кошта.

Вчера во Женева се одржаа преговори меѓу делегациите на САД и Украина за мировниот план на САД од 28 точки, за време на кои Украина ги презентираше своите ставови и забелешки.

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, по завршувањето на разговорите со украинската делегација изјави дека е постигнат огромен напредок во преговорите за завршување на војната во Украина, додека шефот на украинската делегација, Андриј Јермак, оцени дека состанокот со американската делегација бил продуктивен.

Би можело да ве интересира

Москва: Без сеопфатен договор, нема крај на конфликтот

Косачeв: Киев сака нуклеарно оружје за иден напад врз Русија

Горан Наумовски

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Захарова ја откри причината за војната во Украина

Макрон: Војната во Украина е стратешки, воен и економски неуспех за Русија

Зеленски: САД да останат на страната на Украина