Кос: Украина е приоритетен кандидат за членство во ЕУ

Од:

Европската Унија ја смета Украина за приоритетен кандидат за членство, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос во интервју за Политико.

Според Кос, проширувањето на Унијата повеќе не е само прашање на ставот кон кандидатите, туку и на внатрешниот капацитет на ЕУ да одговори на предизвиците на современиот момент.

„Не станува збор само за привлекување кандидати – туку и за нас: можеме ли да се справиме со предизвиците? Дали е тоа корисно за нашата безбедност? Дали ги пополнуваме празнините што ги оставивме во минатото? Да. Дали ни треба Украина во ЕУ? Да“, нагласи Кос.

Кос посочи дека Европската Унија ќе мора да донесе конкретни и суштински одлуки во следните 12 месеци со цел да го забрза процесот на прифаќање нови земји-членки и институционално да ги обезбеди. Според неа, претстојниот период ќе биде клучен за дефинирање на иднината на политиката на проширување.

Прашањето за европската интеграција на Украина се повеќе се поврзува со безбедносната архитектура на континентот и долгорочните геополитички интереси на Брисел.

Претходно беше објавено дека некои американски претставници признаваат дека Русија нема забелешки за евентуалното пристапување на Украина во Европската Унија, што во дипломатските кругови се толкува како важен сигнал во контекст на пошироките односи меѓу Истокот и Западот.

Би можело да ве интересира

Медведев: Пронајдени се докази за производство на компоненти за биолошко оружје во Украина

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Руте: Членството на Украина во НАТО повеќе не се разгледува

Путин нареди прекин на огнот за Велигден

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток

Украинците тврдат дека вратиле 480 квадратни километри територија

А1он