Кос: ЕУ ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во унијата

Од:

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека Европската унија „ја поддржува интеграцијата на земјите од Западен Балкан“ во ЕУ.

Кос на платформата Х изјави дека „ова е јасна порака од денешниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ со министрите од регионот и од земјите-членки на ЕУ“.

„Проширувањето останува нашата најдобра алатка за постигнување на оваа политичка и безбедносна цел“, заклучи Марта Кос.

Во Луксембург денеска се одржа состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи на кој се разговараше за Западен Балкан, војната во Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и последните случувања во Сирија, односите на ЕУ со Африка и други актуелни прашања.

Би можело да ве интересира

Муцунски на средба со Кос: Владата целосно посветена на напредок во интегративниот процес

А1он

Марта Кос: Без безбедна Украина, нема безбедна Европа

Кос: Украина е приоритетен кандидат за членство во ЕУ

Кос: Целиот Западен Балкан ѝ припаѓа на ЕУ на рамноправна основа

Горан Наумовски

Македонија мора да ги направи уставните измени, порача Марта Кос

Катерина Ѓуровски

Кос: ЕУ да се ослободи од стегите на консензусот

А1он