Кос: ЕУ да се ослободи од стегите на консензусот

Од:

Проширувањето на ЕУ е еден од приоритетите во политичките насоки на Европската комисија за периодот 2024-2029 година, на 4 ноември заедно со пакетот за проширување, ќе биде презентиран и преглед за спроведувањето на овие насоки во делот на пристапниот процес.

Консензусот во одлучувањето повеќе нема смисла доколку сакаме поефикасна улога на ЕУ, чии стратешки императив повеќе од кога било досега е проширувањето и обезбедувањето поголема и посилна Унија, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето во Европскиот парламент на дебата „Институционални последици од преговорите за проширување на ЕУ’.

„Долгогодишен, конзистентен и добро познат став на Комисијата е дека е време да се ослободиме од оковите на консензусот. Консензусот повеќе нема смисла доколку Унијата сака да ја игра својата улога побрзо, ефикасно и со тоа и стратешки, особено во денешната геополитичка ситуација“, рече Кос.

Нагласи дека и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето за состојбата на Унијата пред ЕП, порача дека ЕУ треба да преминеме на одлучување со квалификувано мнозинство во некои области, на пример во надворешната политика.

„Комисијата ќе се фокусира на она што може да се направи (околу ова прашање) според актуелните договори и во оние области каде што е потребен широк консензус. Клучно е да се користат алатките достапни според актуелниот договор“, рече Кос.

Потсети дека проширувањето на ЕУ е и еден од приоритетите во политичките насоки на Европската комисија за периодот 2024-2029 година, најавувајќи дека на 4 ноември заедно со пакетот за проширување, ќе биде презентиран и преглед за спроведувањето на овие насоки во делот на пристапниот процес.

„Прегледот на политичките насоки треба да помогне да се постави јасен пат за напредок на паралелните патеки на проширувањето и на реформите на ЕУ“, рече Кос.

Според неа, тој преглед ќе опфатат и некои насоки за секторските политики и буџетот и ќе претставува за важен следен чекор во рамките на пошироката агенда за реформи на ЕУ.

Порача дека како што треба да се прошири, ЕУ исто така треба и да се реформира, затоа што не смее да се изгуби од вид дека проширувањето е долгорочна стратешка инвестиција од која корист ќе имаат сите граѓани.

„Само обединета и единствена Европа може да биде независна Европа, но таа Европа треба да биде посилна, а воедно и поефикасна“, рече Кос.

Според неа, откако ЕУ на една земја ќе и даде статус на кандидат за членство, нејзина одговорност е да и помогне на патот кон зачленување во Унијата, затоа што од стигнување до крајната цел зависи и кредибилитетот на блокот.

„За многу земји кандидати проширувањето претставува надеж. Таа надеж не е доволна, но може да игра важна улога како мотиватор кога земјите треба да ги спроведат реформите. За тоа треба време и не е нешто што може да се случува од денес за утре“, истакна Кос.

Би можело да ве интересира

Кос: БиХ ќе се ослободи од странците кога ќе влезе во ЕУ

Горан Наумовски

Марта Кос: Членството на Украина во ЕУ е сигурно и нема да биде дел од преговорите со Русија

Кос: Нема да бидеме безбедни сè додека земјите од Западен Балкан не бидат во ЕУ

Кос: Сребреница е длабока лузна во европската историја

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански