Корупциски земјотрес во Киев: Јулија Тимошенко e обвинета за поткуп

Од:

Лидерката на партијата Баткившчина, Јулија Тимошенко, потврди дека во нејзината канцеларија биле спроведени „итни истражни дејствија“ по обвинение за поткуп, но таа категорично ги негираше сите обвиненија, објави Укринформ.

Тимошенко на својата Фејсбук страница изјави дека повеќе од 30 лица „без никакви документи всушност ја окупирале зградата и ги земале вработените како заложници“, додека службените материјали – вклучувајќи службени телефони, парламентарни документи и лични заштеди – биле запленети.

– Претресот е грандиозен ПР потег, оцени Тимошенко, додавајќи дека обвиненијата немаат никаква врска со законот.

Според извештајот на Укринформ, Националното биро за борба против корупцијата (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупцијата (САПО) објавија на 13 јануари дека откриле обид за поткуп на пратеници во украинскиот парламент.

ТАСС објави дека Олга Постољук, портпаролка на Специјализираното обвинителство, потврдила дека против Тимошенко се поднесени обвиненија според членот за поткуп на службено лице, а лидерката на партијата „Баткившчина“ се соочува со казна затвор од пет до десет години.

Би можело да ве интересира

ББЦ: Украинците се смрзнуваат, „животот во Киев е ужасен“

Шмихал: Нема струја за стотици илјади граѓани во Киев

Две лица загинаа во напад на руски дрон во регионот на Киев

САД: Времето работи против Киев

„Киев Индепендент“: Русија го нападна Киев, делови од градот остануваат без греење, топла вода и електрична енергија

„Ноје Цирихер Цајтунг“: Тешките денови за Украина, руските напади и зимaта го „кршат“ Киев