„Кориере дела сера“: Италија го доби најмладиот и „најженствен“ парламент во својата републиканска историја

Од:

Италија се здоби со својот најмлад и најженствен парламент во целата своја републиканска историја, пишува весникот „Кориере дела сера“, откако беа соопштени податоците за просечната возраст и за полот на италијанските пратеници и сенатори, избрани на предвремените парламентарни избори.

Вкупната просечна возраст на пратениците и сенаторите е 48 години, а 31 процент од сите парламентарци се жени.

Според податоците, просечната возраст во Домот на пратенциите сега е 45 години, а на сенаторите е 53 години. За споредба, во претходниот Дом на пратенциите просечната возраст беше 54 години, а во Сенатот 57 години.

Во однос на женското присуство во новиот Претставнички дом има 32 проценти жени, а во Сенатот 30 проценти. За споредба, во претходниот парламент имаше 21 процент жени во Претставничкиот дом и 19 проценти во Сенатот.

Најмладите пратеници се дел од најновата политичка сила- Движењето пет ѕвезди на Бепе Грило. Просечната возраст на парламентарците од движењето е 37 години (33 години во Домот на пратенциите и 46 години во Сенатот). На второ место според младоста се пратенциите на Северната лига во коалицијата на Силвио Берлускони. Нивната просечна возраст е 45 години (42 години во Домот на пратениците и 48 години во Сенатот). На трета позиција е Демократската партија на Пјер Луиџи Берсани во левоцентристичката коалиција. Просечната возраст на парламентарците е 49 години (47 години за Домот на пратенциите и 54 години во Сенатот).

Партијата на Берлускони, Народ на слободата, номинира парламентарци чија просечна возраст е 54 години (50 години во Домот на пратенциите и 57 години во Сенатот). Центристичкото обединување на Марио Монти исфрли парламентарци на просечна возраст од 55 години (55 години во Домот на пратеници и 56 години во Сенатот).

Најмладиот пратеник во новиот парламент е жена – 25-годишната Марта Гранде (во превод Големата Марта). Таа е номинирана во Домот на пратениците од Движењето пет ѕвезди од областа Лацио.

Највозрасниот пратеник,пак, е 89-годишниот Серџо Ѕаволи од Демократската партија. Тој е избран во Сенатот од областа Кампања.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он