Корејските лидери разменија „писма на пријателство“

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и јужнокорејскиот претседател во заминување Мун Џае-ин размениле „писма на пријателство“, јави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, а потврди и канцеларијата на Мун.

Во своето писмо, Мун ветува дека ќе продолжи да работи на обединување врз основа на декларациите донесени на состаноците во 2018 година и покрај „тешката ситуација“ и тензиите предизвикани од севернокорејското тестирање на интерконтинентални балистички ракети.

Ким во својот одговор му се заблагодарил на Мун за обидите да ги подобри односите меѓу двете земји и истакна дека овие „ историски“ самити им дадоа на луѓето надеж за иднината, а двајцата лидери се согласија дека врските ќе се развиваат доколку двете страни „направат неуморни напори со надеж“.

Во текот на 2018 година, Мун и Ким одржаа три состаноци на кои ветија доближување до мир и помирување, но во текот на изминатите неколку години односите повторно се влошија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски

Црната кутија не снимала четири минути пред авионот на Јеју Ер да удри во ѕид во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета