Контроверзен полски амбасадор е кандидат за директор за проширување во ЕК, Брисел без коментар

Од:

Европскиот весник Политико обелодени дека полскиот амбасадор при ЕУ се подготвува да стане генерален директор за проширување во Европската комисија, контроверзен лик за многумина ЕУ дипломати.

Анджеј Садош, сегашен амбасадор на Полска при ЕУ, важи за близок пријател на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, и самиот контроверзен во бриселските кругови поради тоа што беше назначен од унгарскиот премиер Виктор Орбан, и редовно е обвинуван за пристрасност, посебно кон Србија.

Неодамна на површина излегоа доверливи документи од претставникот на ЕУ во Босна и Херцеговина кои алудираат на дискретен договор помеѓу Вархеји и лидерот на Република Српска, Милорад Додик, кој би можел да доведе до поделба на Босна и со тоа дестабилизација на целиот регион.

Денеска Политико Европа открива дека Садош би можел наскоро да стане следниот генерален директор во Европската Комисија за проширување и надворешни односи.

Полјакот Садош како и Вархеји важат за претставници на “нелибералниот“ и популистички тренд во Европската унија, чии портпароли се пред сѐ Унгарија и Полска.

Според текстот на Политико Садош не потврдил дека е кандидат, но дипломатски извори за весникот го тврдат спротивното и предупредуваат дека тој би ги загрозил напорите на Европската комисија на Западен Балкан и дека со неговото назначување би се испратил погрешен сигнал до регионот.

На новинарско прашање денеска на редовниот дневен брифинг на Европската комисија, портпаролите не дадоа одговор.

-Нема коментар за можниот исход на вработување кој е во тек и нема да шпекулираме за било кој можен резултат, изјави Дана Спинант, портпаролка.

Европската комисија само кусо го опиша процесот на вработување на високи функционери, процес кој поминува низ пет главни етапи, а конечната одлука ја носи колеџот на еврокомесари, односно сите еврокомесари едногласно.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска

Европската комисија претстави нови предлози за дополнителни санкции против Русија

Ана Ололовска

Фон дер Лајен рече дека загинале 100.000 украински војници, ЕК ја избриша изјавата

Ана Ололовска