Контраофанзива на ИД во Рака, убиени 34 војници

Од:

Најмалку 34 сириски војници и борци на сојузнички групи загинаа во контраофанзива на џихадистичката група Исламска држава во источниот дел на сириската провинција Рака, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Сирискиот центар наведува дека џихадистите вчера повторно заземале поголем дел од територијата, која ја имале под контрола владините сили.

Сириската војска се обидува во Рака да се пробие до областа Деир Езор, каде џихадистите од 2015 година држат под опсада владини сили и цивили.

– ИД успеа да ги потисне сириските безбедносни сили на 30 километри од западното предградие Мадана, истакна директорот на центарот со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад