Конгресот ја повика Белата куќа да воведе санкции за труењето на Навални

Од:

Претставничкиот дом на САД донесе резолуција со која најостро се осудува „очигледно намерното“ труење на Алексеј Навални. Конгресмените бараат цврст одговор од САД и меѓународната заедница во врска со обидот за атентат врз рускиот опозиционер, посочи прес-службата на Конгресот на Твитер налогот на Претставничкиот дом.

Во резолуцијата, пратениците ги повикаа американскиот државен секретар Мајк Помпео и секретарот за финансии Стивен Мнучин да ги искористат своите овластувања согласно законот „Магнитски“ и да воведат санкции за одговорните – се предлага замрзнување на нивните средства и забрана за влез на американска територија.

Документот беше одобрен со измени и дополнувања по 40-минутна дебата.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен