Политичките кругови во Вашингтон се подготвуваат за првата отворена за јавноста сесија на конгресната комисија за немилите случувања од 6 јануари 2021 година, со првите отворени сослушувања закажаанио за в четврток.
Според Џејми Раскин, истакнат демократски член на Претставничкиот дом од Мериленд, кој е во панелот за 6 јануари, комисијата пронашла докази дека претседателот Доналд Трамп направил „многу повеќе од поттикнување“ на бунтот.
-Избраната комисија пронајде докази за многу повеќе од само поттикнување, и ние ќе претставиме докази за сите актери кои беа централни во она што се случи на 6 јануари, изјави Раскин синоќа во интервју за Вашингтон пост.
По случувањата на 6 јануари 2021 година Претставничкиот дом на Трамп му изгласа импичмент, но наредниот месец тој беше ослобеден по гласање во Сенатот во негова полза.
Според комисијата за 6 јануари на сослушувањето, закажано да почне во 20 часот в четврток, ќе се посочат нови материјали и искази на сведоци, а како резултат на истрагата што се водеше речиси цела година, извршена далеку од очите на јавноста.
Во интервјуто во живо за весникот „Вашингтон пост“, Раскин укажа дека сослушувањето што почнува неделава „ќе раскаже приказна за заговор со цел да се поништат претседателските избори во 2020 година и да се блокира трансферот на власта“.
Прашан дали Трамп е во центарот на заговорот тој одговори дека „Доналд Трамп и Белата куќа беа во центарот на тие настани“.
Извор: МИА