Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети

Од:

Тројца шверцери на дрога загинаа, а еден јордански граничен чувар е ранет во судирите долж границата со Сирија, соопштија денеска јорданските вооружени сили.

Од почетокот на годината Јордан ги засили воздушните напади внатре во сириска територија, на фарми и скривалишта осомничени за шверц на дрога, потсетува Ројтерс.

Избувнаа судири со стотици дилери на дрога за кои Јордан вели дека се директно поврзани со проирански милиции кои шверцуваат наркотици преку границата од Сирија, заедно со оружје и експлозиви. Иран и либанската милитантна група Хезболах го негираат ова, велејќи дека наводите се дел од заговорот на Западот против нив.

Сириската влада негира дека нејзините безбедносни и воени сили тесно соработуваат со милициите поддржани од Иран, наводно вклучени во трговијата со дрога. Јорданската влада, како и нејзините западни сојузници, велат дека Хезболах, поддржан од Иран, како и други проирански милиции кои контролираат голем дел од јужна Сирија, стојат зад шверцот со дрога и оружје.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка