Конечниот текст на договорот за формирање коалиција во украинскиот парламент ќе биде потпишан на првата седница на парламентот на 27 ноември, изјави денеска претставникот на Блокот Петро Порошенко, Виталиј Ковалчук.
Претставници на Народниот фронт, Радикалната партија, Самопомош, Блокот на Петро Порошенко и Баткивишчина на Јулија Тимошенко потпишаа синоќа нацрт-договор за коалиција.
Според договорот, учениците во владејачката коалиција се обврзуваат да истражат убиства на демонстранти на киевскиот Плоштад на независноста во февруари 2014 година.
Исто така се обврзуваат да укинат пратенички имунитет, да обезбедат еднаквост на сите државни официјални лица пред законот како и да ограничат имунитет против кривично гонење.
Како главна задача во документот се наведува обезбедување потенцијал за одбрана на Украина, економски раст, заштита на човекови права и слобода за граѓаните на Украина. една од задачите ќе биде и заштита на правните интереси на кримските Татари, сите украински граѓани кои живеат во привремено окупирани територии на Крим и Севастопол, делови од регионот Луганск и Доњецк и ослободување на тие територии. Примената на договорот меѓу Украина и ЕУ ќе биде основа за реформи во Украина.